8 ми Словенски пулмолошки конгрес, заедно со Конгрес на алергологија и имунологија , 18-19.април, 2024 година, Љубљана, Словенија

Словенското респираторно здружение, заедно со Словенската асоцијација за алергологија и клчиничка имунологија, Имунолошкото здружение на Словенија, професионална групација на медицински сестри и здравствени техничари, во соработка со Универзитетската Клиника во Голник , Универзитетскиот Клинички центар Љубљана и Универзитетскиот Клинички центар во Марибор, го организираат 8миот Словенски пулмолошки конгрес, придружен со Конгресот за алергологија и имунологија. Главната цел на конгресот е да ги организира докторите кои се бават со имунологија , здравствените работници и истражувачите од регионот, нудејќи можност да ги презентираат резултатите од нивната научна и клиничка работа. Ве покануваме за активно учество на конгресот и да пријавите апстракти за орална или постер презентација

Седма Светска Конференција за Бронхиектазии

Конференцијата ќе се одржи од 4 до 6 Јули, 2024 година во Данди, Шкотска. Програмата опфаќа презентација на најновите истражувања, резулати од EMBARC и националните регистри, кои даваат придонес во разјасниувањето на епидемиологијата и природниот тек на болеста, коморбидитетите, најчестите препораки за третман во различни земји и приоритетните прашања за понатамошниоте изтражувања , со цел да се подобри квалитетот на живот на болоните со бронхиектазии.

Pneumo Update Europe 2023

Десеттиот „ Pneumo Update Europe“ ќе се одржи на 23 и 24 Јуни, 2023 година во Амстердам, Холандија - годишен состанок од особен интерес за младите пулмолози, кој не треба да се пропушти! За повеќе информации за состанокот, врвните предавачи и програмата која ги опфаќа најсовремените сознанија на респираторната медицина пристапете кон www.pneumo-update-europe.eu. Ве повикуваме да се пријавите за учество што поскоро. За активните членови на Македонското респираторно здружение обезбедена е редуцирана котизација во висина од 250 Еур за физичко присуство и 150 Еур за електронско учество!

Единаесетта интернационална работилница за белодробно здравје

Во периодот од 18 до 20 Јануари, 2024 годинха во Севиља , Шпанија , ќе се одржи Единаесетата интернационална работилница за белодробно здравје. Програмата се фокусира на најновите сознанија, перспективи и резултати од истражувања на полето на астмата, ХОББ, респираторни инфекции, интерстициелни и ретки белодробни болести.

Трета Европска работилница за бронхиектазии

Третата Европска работилница за бронхиектазии ќе се одржи од 23 до 25.02.2023, на Универзитетот Хуманитас во Пиеве Емануеле, регион на Милано, Италија. Состанокот се фокусира на современите сознанија во врска со дијагностицирање и менаџирање на бронхиектазиите и нивните коморбидитети.

PneumoUpdate 2022

Деветтиот „ Pneumo Update Europe“ ќе се одржи на 10 и 11 Јуни 2022 во прекрасната Виена - годишен состанок кој не треба да се пропушти! За повеќе информации за состанокот, врвните предавачи и програмата која ги опфаќа најсовремените сознанија на респираторната медицина пристапете кон www.pneumo-update-europe.eu. Ве повикуваме да се пријавите за учество што поскоро, бидејќи бројот на учесници е лимитиран. За активните членови на Македонското респираторно здружение обезбедена е редуцирана котизација во висина од 300 Еур за физичко присуство и 150 Еур за електронско учество!

ERS EBUS- part 1

Отворена е регистрацијата за првиот дел на курсевите за ендобронхијален ултразвук- ЕБУС, кои ќе се одржат во Хајделберг и Амстердам. Курсевите се дел од сертифицираната едукативната програма за ЕБУС на Европското респираторно здружение. Целта на програмата е обука на квалификувани доктори и нивно оспособување за самостојно и компетентно изведување на ЕБУС. Дополнителни информации на : 👇https://www.ersnet.org/education-and-professional-development/ers-certified-training-programmes/endobronchial-ultrasound-ebus-certified-training-programme/.

EAACI Congress 2022

Отворена е регистрацијата за најголемиот конгрес за алергологија, астма и клиничка имунологија во Европа. Годишниот конгрес на Европската академија за алергологија и клиничка имунологија ќе се одржи како хибриден настан во Прага, Република Чешка и „online“ од 1-3 Јули 2022 година. Членовите на националните здруженија со двојно членство со ЕААЦИ , како што е МРЗ имаат право на редуцирана котизација за конгресот. Повеќе информации на EAACI.org и при Македонското респираторно здружение, makrespir@gmail.com

Актуелна информација за COVID-19 од Европското рспираторно здружение

Ставови и упатства од експерти на ЕРС за актуелни прашања во врска со COVID-19 - повеќе информации на објавениот линк

Светски ден на ХОББ 2019

Светскиот ден на ХОББ се одбележува и организира од страна на Глобалната иницијатива за хронична опструктивна болест на белите дробови (ГОЛД) во соработка со респираторните здруженија, здравствените работници и здруженијата на пациенти со ХОББ низ целиот свет. Секоја година , во повеќе од 50 земји се организираат разни активности, со што овој ден прерасна во еден од најважните светски настани за подигнување на свеста и едукација за ХОББ. Главна цел е, преку различни активности подржани од сите општествени структури, со здружени сили да се стави крај на оваа не така ретка болест. Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), за среќа може да се превенира и успешно да се лекува, се разбира толку подобро доколку побрзо се препознае . На ХОББ треба да се помисли кај секој пациент кој има отежнато дишење, хронична кашлица со продукција на секрет и / или историја на изложеност на фактори на ризик. Главниот фактор на ризик за ХОББ е пушењето тутун, но и други фактори на кои сме изложени во животната средина, особено загадувањето на воздухот и изложеност на штетни честички , пареи или гасови. Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во моментов е четврта водечка причина за смрт во светот, но се предвидува да биде третата водечка причина за смрт веќе во наредната 2020 година. Повеќе од 3 милиони луѓе починале од ХОББ во 2012 година, што претставува 6% од сите смртни случаи на глобално ниво. Како една од водечки причини за морбидитет и морталитет ширум светот, ХОББ воедно претставува и економски и социјален товар кој станува се позначителен и се поголем со кој се судира секое општество. Македонското респираторно здружение го одбележува Светскиот Ден на ХОББ, преку гостувања во медиумите и споделување на пригодни информации со јавноста, со што продолжува со давање придонес во заедничките напори, на глобално ниво, да и се каже НЕ на оваа хронична болест.

Годишен Конгрес на Европско Респираторно Здружение (ЕРС), 28 09 до 02.10, 2019 год. Мадрид, Шпанија

Годишниот конгрес на ЕРС овозможува презентација и споделување на врвните достигнувања во целокупната област на респираторната медицина. Секоја година овој собир е домаќин на повеќе од 20000 учесници, кои имаат уникатна шанса да ги споделат своите искуства со врвни професионалци од својата област на работа. ЕРС со задоволство најавува дека Интернационалниот Конгрес на ЕРС 2019, ќе се одржи во Мадрид, Шпанија од 28.09. до 02.10, 2019 година

Годишен Конгрес на EAACI , 1- 5 Јуни, 2019 година, Лисабон, Португалија

Најголемата медицинска организација од полето на алергологијата и клиничката имунологија, Европската Академија за Алергологија и Клиничка Имунологија (EAACI), од 1 до 5 Јуни 2019 година, во Лисабон Португалија организира годишен конгрес, кој нуди уникатна шанса за откривање на најновите достигнувања. Активностите на конгресот ќе бидат организирани околу темата „Мапирање на новиот свет на алергологија кон генски водената медицина во алергологијата и астмата“. Здравствени работници, клучни научници и лидери во областа од целиот, свет ќе ги дефинираат следните теми: структура на алергените, аеробиологија, ендотипови на болестите, биолошки третмани, имунотерапија и нови достигнувања во полето на геномиката, протеомиката и метаболомиката. Учествотото на овој состанок ќе ви понуди одлична платформа за размена на знаење, учење и комуникација. За повеќе податоци за научната програма и регистрација на конгресот на EAACI 2019, кликнете на насловот!

Pneumo Update 2019

Оваа година петтиот по ред "Pneumo Update Europe"; ќе се одржи на 14 и 15 јуни, во Прага, Чешка . Програмата предвидува внимателно селектирани , актуели теми од областа на респираторната патологија. За прв пат оваа година , предавањата ќе бидат достапни бесплатно на интернет за учесниците на состанокот

WORLD VILLAGE 2018, Годишен конгрес на Европското Респираторно Здружение 2018, Париз, Франција

Македонското респираторно здружение активно учествуваше и беше претставено во рамките на манифестацијата ""World Village", на Годишниот конгрес на ЕРС , кој се одржа од 15 до 19 септември, 2018 година, во Париз Франција (повеќе информации во новости)

Pneumo Update Europe 2018 - Budapest, 15-16 June 2018

И оваа година Македонското респираторно здружение ја продолжува соработката со елитниот собир на експерти од полето на пулмологијата, Pneumo Update 2018. На 15 и 16 Јуни 2018 година, во Castle Garden Bazaar во Будимпешта, Унгарија учесниците ќе имаат можност да ги слушнат најновите достигнувања во респираторната медицина, сублимирани од врвни професионалци од областа.

Отворено писмо пo повод најавите за либерализација и измени на законот за пушење

Во новости: Секојдневно слушаме и гледаме дебати во јавноста и социјалните мрежи со бројни позитивни и негативни коментари во врска со предлозите за либерализација на законот за пушење во Македонија. Македонското респираторно здружение го изнесува својот став во врска со предложените иницијативи за либерализацијата на законот за пушење во Македонија. Иницијативата е поддржана и од Здружението на пулмолози на РМ.

Pneumo Update Europe 2017 -

На 09 и 10 Јуни 2017 година се одржува Четвртиот Pneumo Update Europe. Собирот на експерти од полето на пулмологијата, кој, во рамките на богата дводневна програма, нуди сублимиран преглед на најновите достигнувања во респираторната медицина, преоѓа во традиционален собир на врвни професионалци од областа.

Објава на финансирање на европски грантови

„Global Bridges“ и независните грантови за едукација и промени на „Pfizer“, со задоволство објавуваат дека се доделени грантови финансирање во вкупен износ од 2 милиони долари, за 11 нови проекти фокусирани на третман на зависноста од тутун во Еврпскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО). Повеќе во новости!

Четврта Интернационална работилница за Белодробно здравје

Астма и ХОББ - Нови парадигми за превенција егзацербациите на респираторните болести, Будимпешта , 19-21 Јануари, 2017

Светски ден на астма 2016 година- „Стратегија за справување со астма во Македонија“

03.Мај 2016 година. Одбележан е Светскиот ден на астма 2016 година. Во организација на Македонското респираторно здружение организирани се низа на медиумски настапи кои ги обработија актуелните теми поврзани со астмата. Одржан е и стручен состанок на тема „Стратегија за справување со астма во Македонија“

Pneumo Update Europe 2016

На 24 и 25 Јуни 2016 година се одржува Третиот Pneumo Update Europe. И оваа година имаме можност во рамките на богата дводневна програма да добиеме сублимиран преглед на најновите достигнувања во респираторната медицина

Интервентната пулмологија го етаблира своето место на Клиниката за пулмологија -Ендобронхална електрокаутеризација

Тимот од Одделот за инвазивна дијагностика на Клиниката за пулмологија (Др Реџепи, Др Тодевски, Др Здравеска, Проф Стефановски, со помош на екипа од КАРИЛ, изврши успешно отстранување на ендобонхален тумор на петелка со помош на електрокаутеризација.

Водичи за третман на бронхиектазии 2015

Публициран првиот водич за третман на бронхиектазии. Целите на терапија се подобрување на клиренсот на секретот, супресија на бакериска колонизација, намалување на инфламацијана на дишните патишта и подобрување на квалитетот на живот

Егзацербации на хронична обструктивна белодробна болест

Американскиот колеџ на пулмолози (ACCP) ги издаде најновите препораки за препознавање и третман на акутните егзацербации на ХОББ

Компаративна ефикасност на комбинацијата budesonide/formoterol и fluticasone/salmeterol кај болните со ХОББ

Студијата, изведена во услови на реален живот, во САД, не потврди разлика во однос на инциденција на егзацербации на ХОББ и инциденција на пневмонија кај болните со ХОББ, третирани со една од двете комбинации на ЛАБА/ИКС.